📽 Воен авион принудно слета во Турција, прелетал над фреквентен пат

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи денеска се прошири драматично видео од турскиот воен транспортен авион од типот C-160. Како што објавил новинарот Раџип Сојлу на мрежата Х, турскиот авион принудно слетал поради дефект.

Сојлу наведува дека дефектот се случил веднаш по неговото полетување во градот Кајсери во централниот дел на Турција, југоисточно од главниот град Анкара.

На видеото се гледа како авионот лета ниско, над фреквентен пат.

Турското министерство за одбрана потоа објави дека авионот бил само полесно оштетен при принудното слетување.

Слични содржини