📽„Глупачо, поради тебе Берлин ќе гори!“: Пропагандист на Путин ја извреѓа германската МНР

од Stefanija Kuzmanovska

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на Х објави видео на кое пропагандистот на Путин, Владимир Соловјов ја напаѓа германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Внимание, Германија! Рускиот пропагандист Соловјов се заканува дека ‘Берлин ќе гори’ додека ја навредува Аналена Бербок, германската министерка за надворешни работи. Тој се откажа од преправањето дека е пристоен“, напиша Герашченко на Х, а потоа прикачи клип од неговата политичка емисија на каналот Русија-1.

„Ќе видиш како Берлин ќе гори поради твоите гнили глупости, Аналена Бурбок. Затоа што ти си глупава жена која се обидува да го одмазди сопругот на својата баба, но не и својот дедо кој се борел против советските војници. Па, глупава идиотке, тоа сега е Калининград“, изјавил Соловјов, а потоа ѝ порачал на шефицата на германската дипломатија „да пушти мустаќи“.

Да потсетиме, Бербок во понеделникот изјави дека Германија не само што ќе продолжи да дава помош за Украина во текот на зимата, туку Берлин планира да ја зголеми поддршката во текот на следната година.

Слични содржини