Николоски: Несериозно да се зборува за избори, нашиот предлог е добро познат

од Aleksandar Petrovski

Во интервју за „360 Степени“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски зборуваше за изборите и кога би можеле да се одржат.

Тој вели дека е несериозно да се зборува за избори и дека тоа треба да биде тема кога ќе дозволат здравствениот и економскиот предизвик.

„Јас не би сакал да шпекулирам со датуми, нашиот предлог е добро познат на јавноста, беше споделен на лидерската средба и тој е крај на август, почеток на септември, истиот соодвестува и со одредени владини функционери, коишто, нели, кажуваа дека тогаш ќе можат граѓаните повеќе да трошат и ќе е надминат коронавирусот“, вели Николоски

Тој ја обвини власта за несериозен, односно пр пристап кон справувањето со епидемијата.

Слични содржини