Уште двајца новoзаразени во Сарај

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети на денешната прес-конференција открил дека во оваа општина има вкупно 41 заразен од коронавирус.

„До вчера имаше 39 случаи, денеска имаме уште двајца нови, вкупната бројка е 41. Заразените се од повеќе подрачја од општината“, изјавил Беџети.

Тој побарал масовно тестирање во оваа општина за да се откријат сите случаи. Исто така апелирал до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Им порача да избегнуваат масовни и семејни собири.

Според него, само со 700 тестирања на ден можеме да дознаеме колку има заразени.

Слични содржини