Каталонско радио: Барса криела дека има заразени фудбалери со коронавирус

од Nikola Popovski

Фудбалскиот клуб Барселона го криела фактот дека пет фудбалери на тој клуб, како и двајца членови на стручниот штаб, биле позитивни на вирусот Ковид-19 на првиот тест што бил спроведен во клубот, дури и по избувнувањето на пандемијата.

Оваа информација е добиена од каталонскиот радио „RAC1“, сознанието изнесено во шоуто „Tú Diràs“, а никој од петте заразени немал симптоми на вирусот.

Во меѓувреме, тие се опоравиле и тренираат редовно со тимот, бидејќи владата дала „зелено светло“ дека клубовите можат да организираат тимовите во нивните тренинг-центри.

Барса успеала да ги скрие податоците за заразените играчи, никој од претставниците на Ла Лига немал сознанија за позитивни случаи и прашање е како челните луѓе на Примера ќе реагираат на овој потег на Каталонците. Според клубот петте заразени фудбалери и двајцата од стручниот штаб биле изолирани и било постапиено според сите пропишани протоколи.

Слични содржини