Хамилтон: Како да сум возел три трки

од Vladimir Zorba

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека трката во Формула 1 за Големата награда на Тоскана е исклучително тешка поради двата прекини, но дека е задоволен од 90. победа во кариерата.

„Сè беше малку збунувачко. Имав впечаток дека имало три трки во еден ден. Денес беше неверојатно тешко, имав тежок почеток. Патеката е феноменална. Не беше лесно да се задржи Валтери Ботас, кој беше брз цел викенд, а на почетокот бев зад него“, изјави Хамилтон по трката и додаде:

„Сите тие повторени стартови, потребната концентрација за тоа време, навистина е тешко“.

По новата победа, Хамилтон е на триумф помалку од рекордерот Михаел Шумахер.

„Моето срце се трка. Лудо е да се биде тука и да се има 90 победи“, додаде Хамилтон, кој исто така е рекордер по бројот на трки на кои освоил бодови – 222.

Слични содржини