214
Епидемиологот Драган Даниловски за емисијата „360“ изјави може да се препорачаат мерки од типот на карантин во траење од месец дена и дефинитивно епидемијата да се совлада.
„Меѓутоа набргу после тоа може да се соочиме со масовни здравствени проблеми поради настанатата сиромаштија. Би имале малигни, душевни и кадриоваскуларни заболувања“, смета Даниловски.
Според него, премногу јак притисок може да предизвика поголема штета.
„Едноставно ќе се соочиме со сиромаштија ако донесеме престроги мерки“, вели Даниловски.