460
Филологот и книжевен теоретичар проф. д-р Атанас Вангелов почина денеска на 75 години. Освен како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, тој е познат и како книжевен теоретичар, преведувач, поет и драмски автор. Вангелов има напишано над 20 книги поезија, проза, драма, критика и студии.
Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (СВП) и лектор по македонски јазик и литература во Париз, а од 1967 е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
Добитник е на наградите „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев.