Анкета: Французите задоволни од Макрон

од Vladimir Zorba

Шеесет и четири отсто од Французите се задоволни од работата на претседателот Емануел Макрон и од премиерот Едуард Филип, покажуваат резултатите од анкетата на ИФОП изработена за „Журнал ди Диманш“.

За претседателот Макрон 54 отсто од испитаниците изјавиле дека се „задоволни“ (во мај тие беа 50), а 10 проценти се изјасниле како „многу задоволни“ (12 отсто во мај). Кај 35 отсто од незадоволните, 23 проценти истакнале дека се „прилично незадоволни“ (плус три отсто во споредба со мај), а 12 отсто дека се „многу незадоволни“ (плус еден). Еден процент од испитаниците се неопределени наспроти седум отсто минатиот месец.

 За премиерот Едуар Филип, 59 отсто од анкетираните изјавиле дека се „донекаде задоволни“ (50 отсто еден месец порано) и пет проценти дека се „многу задоволни“ ( на исто ниво). Меѓу незадоволните, 24 отсто изјавиле дека се “прилично незадоволни (плус шест проценти) и осум отсто дека се „многу незадоволни“ (плус 2 отсто). Анкетата покажува дека четири проценти од испитаниците се неопределени, а во мај неопределни биле 21 отсто.

Истражување беше спроведено од страна на ИФОП кај 181.883 лица од репрезентативен дел на  француското население на возраст од 18 години во периодот од 14 до 24 јуни.

Слични содржини