99
Полицијата вчера околу 21 часот добила пријава за пожар кој се случил на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје во близина на ресторанот Амор.
Според пријавата, било забележано искрење на далноводите и чад, по што најверојатно од искрите била опожарена автолимарска работилница и делумно зафатено складиште за ПВЦ материјали. Повредени лица нема.
Во гаснењето на пожарот учествувале 8 пожарникарски возила и 12 пожарникари.
.
Причините за пожарот се очекува да бидат познати по завршување на увидот.