Агелер со реакција по ставањето на Камчев на црната листа на САД: „Корупцијата има последици“

од Vladimir Zorba

Амбасадорката на САД во С.Македонија, Анџела Агелер излезе со реакција откако министерството за финансии на САД го стави бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев на црната листа.

„Денеска министерството за финансии го стави на црна листа бизнисменот Орце Камчев за корупција, поткуп, перење на пари и други криминални прекршоци. Овие санкции не само што влијаат на холдинзите и сопственоста на Камчев, туку и на тие кои прават бизнис со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани лица кои го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на С.Македонија. Корупцијата има последици“, сподели таа на Твитер.

Слични содржини