AI ја оживеа Мерлин Монро, разговараше со луѓе

од Vladimir Zorba

Повеќе од 60 години по смртта на актерката Мерлин Монро, нејзината дигитална верзија, создадена со помош на вештачка интелигенција, беше претставена на технолошката конференција на фестивалот South by Southwest во Остин, Тексас.

Прикажана на компјутерски екран во црна ролка и со „пикси фризура“, дигиталната верзија на познатата актерка изразуваше емоции и разговараше со заинтересираните.

Во неодамнешниот тест, Дигиталната Мерилин разговараше за нејзината омилена улога во комедијата од 1959 година „Некои го сакаат тоа жешко“, паузирајќи и размислувајќи пред да одговори. Таа рече дека сметала дека секси, но ранливиот лик е „предизвикувачка, но и наградувачка улога“. Таа, исто така, ги препорача нејзините други комедии како „Мажите претпочитаат русокоси“.

Дигиталната Мерилин е создадена од Soul Machine, компанија специјализирана за создавање на реални дигитални личности, во соработка со Authentic Brands Group, маркетинг компанија која ги поседува правата за репродукција на ликот на Монро, како и на други починати ѕвезди.

„Секој разговор со Мерилин е посебно чувство“, рече Грег Крос, ко-основач и директор на Soul Machines. „Се чини дека имате добар однос со култната актерка“.

Компанијата ќе ја претстави дигиталната верзија на Монро на фестивалот SX/SW на настан на кој посетителите ќе можат да разговараат со неа.

Слични содржини