Али Ахмети ќе биде сослушан пред Специјалното обвинителство за Косово

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска и утре треба да биде сослушан од истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово.

Од неговиот кабинет и од ДУИ тврдат дека тој е повикан како сведок за неговата улога во ОВК. Нема информација дали тој ќе сведочи во седиштето на обвинителството во Хаг или во Приштина.

Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење.

Лидерот на ДУИ минатиот месец на неговиот фб профил објави дека ќе сведочи на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг, кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК.

– Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок, информира вчера и министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Слични содржини