Алтернатива го поддржува протестот против случувањата во „Дрисла“ и бара мерки од надлежните

од Nikola Popovski

Одговарајќи на жалбите на граѓаните на с. Батинци, но и пошироко на селата во Каршијака – Скопско, кои протестираат против тоа што се случува во депонијата „Дрисла“, партијата АлтернАтивА го подржува најавениот граѓански протест за петок (15.09.2023) и повикува на масовно учество.

Од тоа што сме информирани деновиве од терен, но и од грозните слики кои се појавија на социјалните мрежи, резултира дека на таа депонија, освен отровните материи кои го загадуваат воздухот и водата, таму се фрлаат и абортирани или мртви бебиња, фетуси и човечки екстремитети, кои потоа животните и инсектите ги носат надвор од депонијата, предизвикувајќи не само страв кај жителите на таа околина, туку и болести за жителите од овој крај, велат од Алтернатива.

Според нив, токму ова е причината тие како партија да го кренат гласот на протест и да бараат од сите институции на централната власт, особено од Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, од Санитарниот инспекторат и Инспекторатот за животна средина, но и од Градот Скопје, а посебно од Јавното обвинителство, да преземат мерки за потврдување на овие информации и заштита на животот на граѓаните.

Во спротивно, тие се соучесници во убиството на оваа население и во злосторството извршено врз нивните животи. Ние ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација и да алармираме секаде кај што се слуша нашиот глас, убедени дека ништо нема поголема вредност од човечкиот живот. АлтернативА е со учесниците на овој протест и против злоупотребата во депонијата „Дрисла“, стои во соопштението од партијата на Африм Гаши.

Слични содржини