Американскиот Конгрес сепак ќе гласа за помошта за Украина и Израел

од Симе Стоиков

Претставничкиот дом на Конгресот во САД в сабота ќе го одржи долгоочекуваното гласање за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот, изјави во средата спикерот Мајк Џонсон.

Гласањето доаѓа повеќе од два месеци откако пакетот помина во Сенатот, пишува Ројтерс, а пренесува Хина.

Надлежниот одбор го претстави законот што ќе обезбеди 60,84 милијарди долари за Украина и регионалните партнери, од кои 23,2 милијарди долари ќе бидат искористени за обновување на американското оружје, залихи и капацитети.

Поддршката за Израел изнесува вкупно 26,38 милијарди долари, вклучително и средства за покривање на трошоците за американските воени операции како одговор на неодамнешните напади.

Средствата наменети за Индо-пацификот изнесуваат 8,12 милијарди долари.

По неколку недели неизвесност околу тоа дали републиканските конгресни лидери ќе им дозволат на членовите да гласаат за спасувачката програма, Џонсон во понеделникот рече дека одлучил да го подели нацрт-законот на Сенатот од 95 милијарди долари на посебни делови.

Сенатот под контрола на демократите го усвои законот во февруари со двопартиско 70 отсто мнозинство, а поборниците на пакетот рекоа дека Конгресот ќе го усвои со слично мнозинство доколку Џонсон дозволи гласање.

Слични содржини