Во извештајот Амнести интернешнал потсетува дека во април лани специјалниот известувач на Обединетите нации го критикувал влошувањето на слободата на изразување, плурализмот и независноста на медиумите во Македонија-информира РСЕ.

99E52DBA-4CD8-4C20-A938-D8CD991F5680_w268_r1

Притоа се прецизира дека владата потрошила еден насто од нејзиниот буџет за огласување во и онака фаворизираните провладини медиуми. Меѓународните организации јавиле и за тоа дека покривањето на изборите било во полза на владејачката партија.

За време на нередите во мај во Скопје полицијата запленила опрема на три медиуми и ги избришала нивните снимки.

Политичарите продолжиле да поднесуваат тужби за клевета против новинарите, а наведен е и случајот со новинарот Томислав Кежаровски кој бил пуштен на домашен притвор по протестите од меѓународни организации.

Исто така се наведува дека властите вршат прекумерно влијание врз полицијата и судството.

Во извештајот се додава дека односите меѓу Македонците и Албанци остануваат неизвесни. Притоа се спомнуваат протестите во Ѓорче Петров по убиството на едно македонско момче и по пресудата на шестмина Албанци за убиството на пет луѓе во близина на Скопје во 2012 година.

Властите во Македонија, како што се наведува, не успеале да спречат и да заштитат припадници на Ромите, но и на ЛГБТИ заедницата од дискриминаторски напади.

Амнести посочува и на тоа дека по шести пат била одложена препораката на Европската комисија за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон Европската унија.

Повеќе ТУКА

Слични содржини