Апел за внимателно возење, магла на повеќе патишта

од Nikola Popovski

Авто-мото Сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на делницата Хиподром-Петровец и по Повардаријето.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Синоќа Скопје, Велес, Тетово, Кичево и Струмица беа со многу високо ниво на ПМ 2,5 суспендирани честички, покажуваше Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина.

Надминување на ПМ 10, покажуваат повеќе од половина од мерните апарати.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Слични содржини