Арсовска ја регистрирала веб-страницата на „Улица ББ“, ознака одамна исфрлена од скопските улици

од Vladimir Zorba

Кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска на нејзината Фејсбук страница сподели дека има и нова веб-страница.

„Ставена е во функција веб страницата www.zaskopje.mk преку којашто можете да се информирате за сите детали поврзани со мојата кампања за градоначалник на Град Скопје, да ме запознаете подобро, да ми поставите прашања и да ми испратите идеи. Посетете ја!“

Ако го проверите доменот www.zaskopje.mk, се гледа дека новата веб-страница е навистина регистрирана на име Данела Арсовска, со адреса „Улица ББ, Скопје, 1000, МК“ и со e-mail [email protected].

Но овие податоци отвораат неколку прашања:

Зошто Данела Арсовска ја регистрирала страницата на непостоечка адреса – „Улица ББ“ – кога ознаките „ББ“ се одамна исфрлени од скопските улици?

Зошто Данела Арсовска користи службени ресурси на Сојуз на стопански комори – дали можеби затоа што веб-страницата е купена со службени пари?

Зошто Данела Арсовска бара од скопјани да и испратат идеи на службениот e-mail Сојуз на стопански комори?

Слични содржини