Арсовска: Не сум била членка на ВМРО-ДПМНЕ, ја барам поддршката и од симпатизерите на СДСМ

од Nikola Popovski

Не сум била членка на политичка партија, ниту сега сум, изјави Данела Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на град Скопје.

Таа вели дека ја објавила кандидатурата како независна, со која што ќе стане градоначалничка на градот.

-Поддршката ја добив од моите пријатели и скопјани, но ја побарав од сите кои што живеат овде и сакаат поубаво Скопје. Исто така ја добив и од ВМРО-ДПМНЕ и им благодарам за тоа. Најважно од се е дека верувам дека ќе ја добијам поддршката од сите жители на градот, а уште поважно е дека ја барам поддршката и од симпатизерите на СДСМ, рече таа во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“ и додаде дека ќе биде отворена за сите и градоначалничка на сите скопјани.

Слични содржини