Атанасов: Исплатени над 314 милиони евра за поддршка, протестот на ВМРО-ДПМНЕ беше партиски и без земјоделци (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Вчерашниот таканаречен протест на земјоделците пред Владата, не беше ништо освен партиски протест на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ја докажува безидејноста и очајот во која е западната опозициската партија. На вчерашниот партиски собир, недостасуваа вистински земјоделци. Наместо нив јавноста виде истакнати партиски функционери, претседатели на месни кометити, на Општински комитети на Неготино на Радовиш, семејства на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во државни институции кои глумеа лажни загрижени земјоделци“, вели денеска Зоран Атанасов од СДСМ.

„Вистинските земјоделци немаат причина да протеститраат, затоа што досегашното искуство го потврдува партнерскиот однос и грижа на Владата предводена од СДСМ. СДСМ секојдневно преку одговорно и домаќинско работење покажува вистинска грижа за граѓаните. Аграрните политики се на прав пат. Преку бројни мерки го враќаме достоинството на земјоделците и земјоделието. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вистински се грижи за земјоделците“, вели Атанасов.

Слични содржини