Атаносовски: Русите ќе бидат подложни на масовни цензури и контроли на информациите на ,,подобни и неподобни”

од Берта Китинска

Од информациско-технолошки аспект Руската федерација, не само што ќе се дистанцира од западните информациски системи, туку целосно ќе се екскомуницира. Тоа ќе значи дека руските граѓани ќе бидат целосно исклучени од западните социјални мрежи (фејсбук, твитер, инстаграм и останатите), и ќе бидат подложни или на постојните или на новосоздадените руски кои ќе бидат дефинитивно креирани и создадени од ригидниот руски државен апарат, вели во разговор за „Локлано“, политичкиот аналитичар Благојче Атаносовски.

Според него дефинитивно Русија ќе заврши во тоталитарина контрола на информацискиот руски свет, пандан на кинескиот, појаснувајќи дека руските граѓани ќе бидат подложни на масовни цензури и контрола на информациите на, „подобни и неподобни”.

-Тоа ќе претставува целосно информациско затворање на руските граѓани во период кога во дваесет и првиот век, светот е поврзано, „глобално село”, и не е замисливо да функционира одделно без информациско-комуникациска поврзаност со останатите земји и луѓе, смета тој.

За Атаносовски оваа воена агресија на Русија и е дојдена како,, порачана”.

-За преку оправдувањето за заштита од,, надворешниот непријател”. Меѓу другото да направи целосно затворен тоталитарен информациски систем, преку кој ќе има контрола буквално на сите внатрешни комуникациски интернет релации помеѓу руските граѓани. Сето тоа ќе биде ,,оправдано” преку одбрана на суверенитет на руската федерација, односно загрозување на истиот и државна одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет и оттука, властите нема да мора многу да се занимавааат да им објаснуваат на граѓаните дека им ги кршат основните човекови права и дека Русија ја втурнуваат во Орвелов вид на држава, вели аналитичарот.

Русија е држава која се крепи на гасот, објаснува тој додавајќи дека оттука таа ја црпи својата економска големина.

-Русија не е иновативно-технолошки развиена земја, па да може да си дозволи луксуз да се изземе од западните технолошки пронајдоци. Оттука, руската федерација ќе биде многу зависна од кинеските технолошки пронајдоци и изуми, и руската информациска технологија ќе биде базирана на кинеската. Тоа секако ќе биде на штета на руските граѓани, односно руската држава, која тоа ќе го компензира со ефтин гас и нафта за својот најмоќен сосед, а тоа е кинеската држава и самата Кина,смета Атаносовски.

Според него Кина и Русија имаат еден заеднички архинепријател, а тоа се САД, појаснувајќи дека хибридната војна, која руските ботови умешно ја водат и ја практикуваат, најмногу дошла до израз со победата на Трамп на претседателските избори.

-Бидејќи САД се заеднички именител на непријател за овие две воено и економски моќни земји земји, сосема очекувано е дека истите ќе бидат координирани во нивните субверзивно-поткопувсчки информации во интернет сферата кои ќе се граничат со полувистини, шпекулации, лажни вести и фабрикувани материјали, кои ќе ја постигнат целта, а тоа е создавање на светска перцепција дека САД се злото, а Русија и Кина само, „легитимно” се бранат и имаат право на одбрана од таквата агресивна политика на Американците, вели Атаносовски.

Б.М.

Слични содржини