Автоматска пушка и куршуми пронајдени кај тетовчанец

од Milan1

Вчера во периодот од 15.50 до 18.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Б.А.(50) од Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со две празни рамки, 86 куршуми калибар 7,62 милиметри и 1 куршум за пиштол од истиот калибар.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини