Бајден: Ништо не укажува дека балонот е шпионски, но нема да се извинам никому

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека американската војска ќе го собори секој иден летечки објект што ја загрозува безбедноста на САД и додаде дека нема да се извини никому за тоа.

Во своето прво обраќање за наводниот кинески шпионски балон и неидентификувани објекти соборени над Северна Америка, Бајден рече дека сè уште не е позната точната цел на балоните, но дека „во моментов нема индикации дека тие се дел од кинеската шпионска програма со балони“, ниту дека извидничките објекти се од која било друга земја.

„Не се сомневајте, доколку некој објект претставува закана за безбедноста на американскиот народ, ќе го соборам“, рече Бајден, пренесе Ен-Би-Си.

Слични содржини