Бектеши смирува: Цените на основните производи може само дополнително да се намалат

од Nikola Popovski

Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели, потенцира министерот Крешник Бектеши.

Додаде дека најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има.

Бектеши посочува дека сите производи кои се опфатени во одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5%.

-Доколку во случај има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата, наведе министерот.

Тој побара од граѓаните да бидат спокојни бидејќи донесените мерки за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати.

-Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат, дециден е Бектеши.

Од денеска, цените на голем број производи во просек се зголемуваат од два до 10 денари во зависност од производот. Трговците веќе почнаа да постапуваат по новата владина одлука за зголемување на ДДВ-то од 5 на 10%.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи тврди дека нема зголемување на цените на 1000 производи.

-Категориите кои што се опфатени со услуги се 358. Има одредени реакција за одредени продукти. Штом ја добиеме листата, во вторник може да се ревидира одлуката. Реакцијата е за 10 до 15 продукти, истакна Битиќи.

Со зголемување на ДДВ-то, во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.

Слични содржини