Белингем ја откри тајната на успехот против Сити

од Vladimir Zorba

„Се е до менталитетот“, беше мислењето на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, откако неговиот тим го елиминира Манчестер Сити на пенали во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Тоа е големо олеснување, дадовме толку многу на овој меч“, изјави офанзивецот пред ТНТ Спортс. „Да се ​​освои овој меч е големо задоволство“, додаде тој.

„Беше многу тешко против Манчестер Сити, бидејќи не спречија да трчаме. Најчесто возвраќавме кога Сити доминираше, но не издржавме“, заклучи тој.

„Повеќе е одговорност, а не стрес кога играш за тим како Реал Мадрид“, изјави 20-годишниот Англичанец за кого ова е прва сезона во Шпанија.

„Најголемата сила е тоа што тренерот наоѓа начин да дозволи голем дел од нас да игра слободно. Тој е човек кој покажува смиреност и самодоверба”, изјави Белингам за Карло Анчелоти.

Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Баерн Минхен.

Слични содржини