Бен Афлек и Џенифер Лопез по една година брак се решија за необичен потег

од Nikola Popovski

Само една година по нивната венчавка, славниот пар Бен Афлек и Џенифер Лопез решија да ги обноват заветите.

Како што пишува „Дејли Мејл“, парот веќе планирал голема забава во нивната нова вила во Беверли Хилс за да ги обнови заветите пред стотици гости.

Иако веќе одржаа две големи церемонии во Лас Вегас и Џорџија, се чини дека тоа не беше доволно, па решиле уште еднаш да ја докажат својата љубов. Медиумите се сомневаат дека нивниот брак е лош, но извор близок до славниот пар го тврди спротивното.

„Џенифер и Бен се заљубени како на почетокот и оваа последна година од бракот беше, со еден збор, спектакуларна. Тие и двајцата сакаат да ги обноват заветите и да покажат колку се вљубени еден во друг. Не ја прифаќаат ова втора шанса како здраво за готово“, вели изворот.

Изворот наведува и дека односот со нивните деца е добро координиран. Тој особено нагласил како врската меѓу двојката функционира толку добро што може да се види дури и во нивните кариери. Потсетуваме дека во последно време медиумите снимија неколку жестоки расправии, но се чини дека не се работело за нешта кои би довеле до развод.

Слични содржини