Бесими: Преку стратегијата ќе се дејствува во насока на оддржување на здравјето на граѓаните

На почетокот на расправата за Предлог-буџетот за 2021. годинна беше презентирана, стратегијата за економско заздравување и забрзан раст на македонската економија со која ќе се спроведува економското заздравување од Ковид 19, забрзаниот, инклузивен и оддржлив економски раст, Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор како и развојот на човечките ресурси.

Имено, се верува дека преку стратегијата ќе се дејствува во насока на оддржување на здравјето на граѓаните, економијата и општеството, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

„ Новина на овој Буџет е неговата петгодишна рамка 2021-2025 и покрај предизвиците и непознаниците што ги носи кризата предизвикана од КОВИД-19 и се заснова на АБЦ-то на овие три среднорочни платформи: А.Фискална консолидација 2021-2025 година, Б. Попаметен раст 2021-2025 стратегија за закрепнување на економијата и одржлив раст и Ц. План за јавни инвестиции 2021-2025 година. Со ова, нашата главна цел е на среден рок да го забрзаме економскиот раст од 2-2,5% што била во последната деценија на 4-5% просечен годишен раст во следните пет години, притоа да постигнеме фискална консолидација за да обезбедиме одржлив и инклузивен раст“- рече Бесими.

Ваквото заздравување ќе следи преку мерки за заштита на здравјето на граѓаните и социјалната заштита на најзагрозените категории, како и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места, посочи министерот за финансии. Предвидени се мерки и политики за забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, кои ќе бидат во насока на добро управување, владеење на правото, сузбивање на корупцијата и подигнување на капацитетот на институциите.

Меѓудругото ќе се обезбеди и локален и рамномерен регионален развој, маркоекономска стабилност и финансиска оддржливост. Имено, ќе се работи и на зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, на зајакнување на трговските врски и интеграцијата во глобалните синџири. Понатаму ќе се дејствува во насока на подобрување на деловното окружување и сузбивање на сивата економија, на подобрување на пристапот до финансии и адаптацијата на технологиите и модернизација на земјоделството, уверува Бесими.

Министерот за економија вели и дека ќе се работи на развој на еднакви можности, развој на човечките ресурси преку инвестиции во образование, наука и здравство, поттикнување на поголема активност на работоспособното население и социјална заштита и социјално осигурување, како и тоа дека ќе биде извршена постепена фискална консолидација со која буџетскиот дефицит веќе следната година ќе се намали за 3,6 процентни поени.

Инаку, во наредните десет дена пратениците на власта и опозицијата ќе расправаат во матичната Комисија за финансирање и буџет. Доставени се вкупно 528 амандмани. Најголем дел од амандманите се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа 390, а останатите се од Алијанса на Албанците и Алтернатива. По разгледувањето на амандманите, расправата ќе се пресели и на пленарна седница.

Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и истите се за 8,3 отсто повисоки во однос на вториот Ребаланс во 2020 година, додека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1 отсто пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со буџетски дефицит на ниво од 4,9 отсто од планираниот БДП или во апсолутен износ од 34,9 милиони денари или за 3,6 процентни поени понизок во однос на проектираното со вториот ребаланс од 2020.

Слични содржини