Близнаци избегнаа смрт во матката со прегратка

од desk2

Идентичните близнаци Тео и Рубен се родени во Сари, а имале 50 отсто шанси да се задушат во матката, но еден со друг се спасиле со помош на прегратка.


На Вики Плоурајт (30) лекарите на прегледот и рекле дека нејзината бременост е ретка затоа што нејзините бебиња делат иста амнионска ќеса.

Ја предупредиле дека во такви ситуации постојат големи шанси папочните врвки да се испреплетат и бебињата да останат без кислород.

Таа две недели стравувала, но на следниот преглед и рекле дека нејзините бебиња во стомакот се прегрнати. Таквата положба им овозможила папочните врвци да не се заплеткаат.

Сепак, лекарите морале предвреме да ја породат затоа што бебето Тео престанало да расте поради недоволно место во стомакот.

За среча, породувањето било успешно и бебињата убаво напредувале.
Сега се речиси две години и како што вели нивната мајка, сега се најдобри пријатели.

Слични содржини