BMW ја покажа најбрзата нова „тројка“ во моментов (фото)

од desk2

Германскиот производител „BMW“ ги откри најмоќните модификации на новата генерација на „Series 3“ – седаните „M340i“ и „M340i xDrive“, чија светска премиера ќе се одржи на крајот на месецот на саемот во Лос Анџелес. Двата автомобила добиле специјални подесувања на шасијата, редовниот 6-цилиндричен турбомотор и „М“-диференцијал.

„BMW M340i“ е опремен со мотор, кој развива 387 КС и 500 Nm. За европскиот пазар моторот ќе развива 374 КС, а тој добил турбокомпресор „twin-scroll“, поврзан со челичен издувна колектор. Кај агрегатот само 25% од деталите се идентични со оние на постарата генерација.

Преносот е 8-степен автоматски „Sport Steptronic“ со подобрена хидраулика, краток преносен однос и функција за „лаунч“-контрола. Кутијата може да биде адаптирана кон начинот на возење и рутирање, користејќи податоци од навигацискиот систем и активната крус-контрола.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај седанот трае 4,4 секунди, а тоа е за 0,3 секунди побавно од „M3“ со мотор со 431 КС. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.

Автомобилот ќе добие уште управувачки механизам со променет преносен однос, сопирачки механизми „M Sport“ со димензии 348 мм напред и 345 позади, системот „Performance Control“ (само за автомобилите со „xDrive“), при што доколку е потребно поголем дел од вртежниот момент се пренесува на задната оска, како и диференцијал со електронска брава.

Во стандардната опрема на „BMW M340i“ влегува суспензија „М“-спорт која е покрута од стандардната, бидејќи има интензивни пружини и стабилизатори за напречна одржливост. Покрај тоа, таа е намален за 10 мм. Изборната адаптивна суспензија е со електронски контролирани амортизери.

Во кабината на возилото, како и кај останатите верзии на новата „BMW Series 3“, се појави новиот мултимедијален систем со екран со дијагонала од 10,25 инчи кој работи на платформата „BMW iDrive 7.0“.

Слични содржини