Бочварски: Пругата кон Бугарија ќе биде завршена во 2027

од Nikola Popovski

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вечерва информираше дека железничкото поврзување со соседна Бугарија, најрано може да се очекува во 2027 година, откако ќе биде завршена изградбата на третата делница.

-Тунелот на железничката пруга со Бугарија ќе биде 5 километри, 2,5 на нашата страна и 2,5 км на бугарска. Само тој тунел чини 70 милиони евра. Бугарите работат на проект брза пруга и сакаат да се поврзат на овој Коридор 8 со нас. Третата делница, што чини преку 400 милиони евра од Крива Паланка до Деве Баир, според динамиката, треба да се гради 4 години. Нашите очекувања се дека ќе започне наредната година и до 2027 година да ја изградиме оваа трета делница. Првите две делници што ќе започнат сега напролет, ќе се завршат до 2025 година. Ова е со конкретни рокови, средства и тајминзи, информира Бочварски во емисијата „Вин-вин“.

 

Слични содржини