„Бојкотирам“ го слават „неуспешниот референдум“

од desk2

Пред околу илјада граѓани движењето Бојкотирам вечерва го слави неуспешниот референдум со кој, според нив, се зачува идентитетот на Македонците.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров прочита 18 точки од како што ја нарече Декларацијата на движењето, меѓу кои бара поништување на Договорот кој Македонија го потпиша со Грција, а воедно и го повикаа ОЈО да поднесе кривична одговорност за македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров кој е потписник на тој договор.

Петров го повика претседателот доследно да го почитува Уставот и да не прифаќа никакви уставни измени.

Пред и околу Собранието има видно полициско обезбедување, како и бројни медиумски екипи од Балканот и Европа./24 Vesti

Слични содржини