Бразил во паника: Нејмар пропушти втор тренинг, неизвесен за Костарика (ВИДЕО)

од desk4

Најскапиот фудбалер во историјата Нејмар заработи повреда на натпреварот со Швајцарија, откако првично сите очекуваа дека не се работи за ништо сериозно. Но фактите велат дека тоа не е случај.

Бразилецот го пропушти тренингот во понеделникот, но се очекуваше да биде во ред за денешниот тренинг. Сепак, тоа не беше случај. Ѕвездата на ПСЖ се појави во почетокот на тренингот, но по само четвртина час го напушти теренот.

Нејмар се фати за глуждот и беше проследен кон соблекувалната од физиотерапевтот на „Селесао“. Засега нема информации од штабот на Бразилците за состојбата на големата ѕвезда на тимот.

Сепак, барем според малкуте информации од кампот во Јужна Америка, болката во глуждот може да го спречи да учествува во следниот натпревар на Бразил. Тој е на 22 јуни против Костарика од 14:00 часот.

Слични содржини