Бројот на загинати во циклонот Габриел на Нов Зеланд се зголеми на седум

од Radmila Tasevska

Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд денес се искачи на седум, а властите веруваат дека ќе продолжи да расте бидејќи службите за итни случаи сè уште немаат воспоставено контакт со стотици населени места.

„Мораме да се подготвиме за фактот дека веројатно ќе има повеќе смртни случаи низ целата земја. И нема да го знаеме вистинскиот степен на тоа некое време“, рече премиерот на Нов Зеланд, Крис Хипкинс, според Ројтерс.

Циклонот Габриел, кој го погоди северниот дел на Нов Зеланд, ги принуди луѓето во погодените области да пливаат подалеку од нивните поплавени домови за да се спасат.

Слични содржини