Челзи пробува да го ангажира Агуеро

од Vladimir Zorba

 Англискиот фудбалски шампион Челзи во летниот преоден рок немаше голем успех со ангажман на посакуваните засилувања. Медиумите на Островот објавија дека „сините“ од Лондон тргнуваат по напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Челзи е во потрага по напаѓач, менаџерот Антонио Конте се сложил тоа да биде Агуеро, а менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола наводно немал ништо против продажба на аргентинскиот фудбалер, па останува да се види дали двете страни ќе се договорот за овој трансфер.

29-годишниот Агуеро последните шест сезони е играч на Сити. Со „граѓаните“ има две титули во Премиер лигата, а во својата кариера настапуваше и за Атлетико Мадрид и Индипендиенте

Слични содржини