Честитка од Џафери по повод 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј

од desk2

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честитка по повод 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.


– Овој државен празник со кој им оддаваме почит на основачите на првата словенска азбука, зазема значајно место во историјата како на македонскиот, така и на словенските народи. Нивните дела и нивната работа се издигнува над самите нив како учители, затоа што тие биле водени од многу повисоки идеали. Преку описменувањето и просветувањето, на народот му помогнале да прогледа и му дале орудие за издигнување над времето, се наведува во честитката.

Мисијата на браќата Кирил и Методиј и нивните заложби, стои во честитката, не потсетуваат дека стремежот на човекот и на човештвото опстојува низ историјата и ја менува само формата, но не и суштината затоа што нивната вистинска борба е за универзални основни човекови права.

Слични содржини