Чулев за „Боемска“: Без разлика дали е функционер или политичар ќе се преземат мерки и ако има основа ќе се поднесат соодветни пријави

од Берта Китинска

Снимките од кафеаната на улицата „Боемска“, каде што беше фатен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, каде спротивно на протоколите седи во затворениот дел, сè уште се анализираат, изајви денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„До секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика стигнат е дивиарот заедно со дискот и во моментов се врши анализа. Во најкраток период ќе се излезе со вештачењето, со анализа на видео материјалот, и јавноста ќе биде информирана, по основа на тој материјал ќе се утврди дали има одговорност и за други лица освен за кафеаната, рече Чулев додавајќи дека без разлика за кого станува збор, дали е функционер, припадник на МВР или политичар ќе се преземат мерки и ако има основа ќе се поднесат соодветни пријави.

Со Мицкоски во кафеаната бил и поранешниот директор на УБК, Љупчо Андоновски, кој сега му е советник на Чулев.

Слични содржини