ЦИА ОБЈАВИ ЗАГАТКА: Имате само ТРИ МИНУТИ да ја решите!

од Nikola Popovski

Разузнавачката агенција ЦИА на својот профил на Твитер сподели загатка во која луѓето треба да ги забележат разликите помеѓу две фотографии.

Како дел од нивната секција „Spy Kids“, ЦИА има онлајн игри за тестирање на луѓето за детали и тактичко размислување. Единствена од нив е анализата на фотографијата каде треба да се пронајдат разликите.

Поради претстојниот празник Ноќ на вештерките, фотографијата е инспирирана од детали во тој стил. Луѓето кои ја отвораат загатката на нивната страница имаат три минути да ги најдат разликите.

Некои детали како исчезнатата пајакова мрежа лесно се наоѓаат, но има и работи кои ќе ги забележат само оние со остар вид.

За разлика од другите игри, по три минути решенијата не се прикажани, наместо тоа, ЦИА ги информирашлуѓето дека ќе мора повторно да ја проверат страницата токму на Ноќта на вештерките за да видат дали ги пронашле сите разлики.

Слични содржини