Ципрас си поднесе оставка од функцијата претседател на СИРИЗА

од Stefanija Kuzmanovska

Алексис Ципрас денеска поднесе оставка од функцијата лидер на левичарската партија Сириза, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван извор.

Се додава дека Ципрас во текот на денот ќе ѝ се обрати на јавноста.

Да потсетиме, на парламентарните избори одржани во Грција викендов, убедливо победи Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис, додека Сириза на Ципрас освои нешто помалку од 18 отсто од гласовите.

Во говорот по поразот на изборите, Ципрас рече дека „изборниот резултат е негативен за таа партија, но и за општеството и за демократијата“.

Тој тогаш ги отфрли шпекулациите дека може да се повлече од раководството на најголемата опозициска партија, додавајќи дека ќе се стави на располагање на судот на членовите на партијата и дека во следните неколку месеци ќе се свика конгрес на кој ќе се одлучува за неговата судбина.

„За Сириза заврши голем и креативен историски циклус, со кој треба да се гордееме. Сепак, мора да продолжиме со потребните кратења за наскоро да отвориме нов, уште поперспективен циклус“, порача Ципрас.

Слични содржини