Д-р Митрев: Во октомври имавме бум, а сегшниот број на заболени е вистинско цунами

од Берта Китинска

На прашањето зошто расте бројот на заболени со Ковид 19 во земјава, доктор Жан Митрев вели дека главната причина е тоа што не останавме доследни во некои предходни рестрикции. Зошто постојано расте бројот.

-Главната причина е поради тоа што не останавме доследни на она што се почна. Примерот од Кина каде имавме комплетна изолација, од три месеци допринесе да се запре ширењето на вирусот, тоа се примени и во Австралија и Нов Зеланд овие земји беа во локдаун, но ние и Европа почнавме, но не издржавме во оваа намера. Имаше одмори, луѓето се опуштија и почетокот на септември се појави раст, веќе октомври беше бум, ова сега е вистинско цунами, вели Митрев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Во врска со карантинот Митрев смета дека тој дава резултат но, треба да трае подолго.

-Искуството од кинезите се покажа како добро, дали оваа рестрикција може да се направи во зима бидејќи ни идат многу празници, тука има одредени искушенија, вели Митрев.

На прашањето доколку би имал можност да биде дел од Комисијата за заразни болести  Митрев вели дека би препорачал тримесечен локдаун.

Слични содржини