Д-р Солески: Граѓаните треба да ја примат првата вакцина што ќе им биде понудена

од Берта Китинска

Имаме искусни вакцинални тимови кои долго време работат на процесот на имунизација и мислам дека процесот ќе добие организирано. Процесот на примање на вакцината тече многу брзо, така што мислам дека не би имале никакви проблеми. Сметам дека имаме добра основа сево ова да протече без никаков проблем, вели во Утрински брифинг д-р Кирил Солески.

-АстраЗенека е едниствената фармацевстска компанија која практично без голема заработувачка ја продуцира оваа вакцина. Проблемот со АстраЗенека произлезе од појавата на случави на развивање на тромбоза кај многу мал процент, но тоа беше искористено од страна на земјите да се запре и утврди дали посоти некаква врска помегу примањето на вакцината и пијавата на тие тромбози. Се утврди дека таа појава на тромбоза, на околу 25 случаи е незначително и ЕМА потврди дека вакцината безбедна и може да се користи. Бенефитот многу кратно ги надминува штетните последици. Дури и во нормални услови доколку не би би примена вакцината на АстраЗенека тие случаи спонтано би се развиле, вели Солески и додава дека пораката на матичните доктори е дека граѓаните треба да ја примат првата вакцина која што ќе им биде понудена и достапна.

 

Слични содржини