„Да се почитуваат наредбите на полицајците“: Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје

од Берта Китинска

На 20.06. и 21.06.2022 (понеделник и вторник) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне премиерката на Република Финска, Сана Марин. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, информираат од МВР.

Оттаму апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.

Слични содржини