Дачиќ: Куманово во 2015 година не беше терористички чин за ЕУ, но Бањска е

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека двојните стандарди кога станува збор за Србија се гледаат во тоа што нападот на група Албанци од Косово врз македонската полиција во 2015 година не е терористички чин, но настаните во Бањска се, па затоа и се бара воведување санкции на Србија.

Дачиќ за Косово онлајн изјави дека за ова зборувал и на министерскиот состанок на шефовите на дипломатиите на регионот, како дел од Берлинскиот процес, но дека неговото прашање останало неодговорено.

„Зборував за двојни стандарди. Имено, во 2015 година бев претседавач со ОБСЕ, а во име на ОБСЕ разговарав со македонските власти. Таму имаше убиство на осуммина македонски полицајци, а терористичка група од Косово беше обвинета за тоа, која ја сочинуваа поранешни припадници на ОВК“, потсети Дачиќ.

Тој посочува дека никој од меѓународните претставници, вклучително и Европската Унија, не го окарактеризира како терористички чин, иако загинаа осум полицајци.

Исто така, Албанија и Косово им оддадоа почит на терористите од Куманово.

„Бидејќи овде Доника Гервала зборуваше дека Србија се меша во Косово, го нарушува територијалниот интегритет, зборува за терористи, напоменав дека во Домот на културата во Дечани, именуван по нејзиниот татко, беше оддадена чест на терористот кој загина во Куманово. Беше поставен споменик за него“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека во тоа време косовската влада давала по 10.000 евра на секое семејство на жртва или осуденик.

Прашав – дали тогаш кажавте нешто против Приштина. Како сега не ви е срам да зборувате за тоа? Никој ништо не ми одговори за тоа. На сите им е јасно дека се работи за двојни стандарди“, заклучи Дачиќ.

Слични содржини