Дали Груби ја омекнува реториката: Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите

од Nikola Popovski

Организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби се чини дека ја „спушта топката“.

Тој на својот Фејсбук профил објави дека време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел да продолжиме на нашиот евроатлански пат.

„Толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, но и економско закрепнување за да се поправат последиците од ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“, напишал Груби.

Интересно е дека овој статус на организацискиот секретар на ДУИ доаѓа непосредно по средбата на неговиот партиски колега, вицепремиерот Бујар Османи со евроамбасадорот Жбогар.

Слични содржини