Данска е првата земја во Европа без ковид-рестрикции

од Nikola Popovski

Данска во петокот стана единствената европска земја без ковид-ограничувања, откако беше укината обврската да се покаже доказ за вакцинација при влегување во ноќни клубови.

Бројот на новозаразени лица во Данска е забавен со зголемувањето на стапката на вакцинација, бидејќи над 70 проценти од вкупното население е вакцинирано.

Сепак, додека скандинавската држава гледа напред кон новата пост-пандемиска реалност, СЗО предупредува дека само вакцините можеби нема да ја спречат пандемијата и дека вирусот може да биде присутен со години.

Жител на Данска вели дека укинувањето на последните ограничувања е „ослободувачко“ по тешката пандемија.

„Тоа беа тешки неколку години. Имам три деца и тие учеа од дома и имаше многу тешки денови“, рече Клаус Силвестер.

„Прилично е ослободувачки што Данска веќе нема ограничувања“.

Ограничувањето на ноќните клубови беше најновото во долгата низа мерки што Данска постепено ги укина во претходните месеци.

Сега таа е единствената земја во Европа што нема ограничувања откако Исланд ги укина сите мерки во јуни, за повторно да ги воведе откако ќе се зголеми бројот на случаи.

Данска воведе ковид-пасоши во март 2021 година, како дел од постепеното олеснување на ограничувањата.

На 1 август, тие го укина барањето за ковид-сертификати во музеи и во затворени настани со помалку од 500 луѓе, пред да го укине и за големи настани. Маски не беа потребни во јавниот превоз од средината на август.

Слични содржини