Данската кралица ненадејно објави дека го напушта тронот по 52 години

од Vladimir Zorba

Данската кралица неочекувано ја објави својата абдиција во нејзиниот традиционален новогодишен говор на телевизија.

Маргаретa II. формално ќе абдицира на 14 јануари, по 52 години на тронот. Неа ќе ја наследи нејзиниот најстар син, престолонаследникот Фредерик.

Маргарет II. го наследи нејзиниот татко – кралот Фредерик IX. – по неговата смрт на 14 јануари 1972 година.

Таа е единствената моментално владејачка кралица во светот, а во јули стана монарх со најдолго владеење во историјата на Данска.

Слични содржини