Делови од неколку скопски општини и села утре без струја

од desk2

Дел од корисниците од улиците со броевите „52“, „48“ и „50“, патот за село Љубанци, улиците „Радишанска“, „18“, „28“, „Бутелска“, „20“, „46“ и околината во општина Бутел утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат и објектите со број 2, 4 и 6 од улицата „Блажо Орландиќ“ во општина Аеродром, од 9:00 до 12:00 часот дел од улицата „Ванчо Мицков“ во општина Карпош, од 8:30 до 11:00 часот сите објекти во поранешна Стаклара, НАС-ГАС, БА Компани, сите мали и големи потрошувачи во склоп на Стаклара, сите објекти на булевар „Борис Трајковски“ што се напојуваат од трафостаниците сопственост на поранешна фабрика Стаклара во општина Кисела Вода, а од 8:30 до 10:00 часот дел од селата Раовиќ, Паничари, Ласкарци и Буковиќ.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Слични содржини