Десерт од ананас и бисквити

од desk2

Овој колач го нарекуваат пита од милион долари поради неверојатната хармонија од вкусови.

СОСТОЈКИ ЗА КОРА:
300 гр бисквити
70 гр растопен путер
3 лажици шеќер
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
100 гр маргарин
2 лажици шеќер
300 мл млеко во прав
250 гр ананас од конзерва
250 мл шлаг
3 лажици сок од лимон
1 рака ореви
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сите состојки за кора измешајте ги и печете ги околу 10 минути на 150 степени. Додека кората се пече во сад измешајте ги сите состојки за фил освен ореви.
Преку кората прелијте фил, а колачот украсете го со ореви. Оставете го колачот да отстои околу 2 часа пред послужување.

Слични содржини