Кои се најевтините дестинации за туризам во Европа покажа новото истражување објавено во “Дејли телеграф”. Резултатите се направени по оценка на 12 најчесто користени услуги како транспорт, храна, цена за посета на знаменитости, ресторани, цени на ноќевања и др.4427524

За целта на истражувањето се споредени 28 од најпознатите европски дестинации за туристите.

На број 10 во рангирањето е Стразбур, Франција. Трошоците за посета се 169.60 фунти.

На деветтото место во рангирањето е Краков, Полска. Транспортот од аеродромот до центарот на градот чини само 1,49 фунти, помалку од било која друга дестинација во Европа.

По него е рангиран Лисабон, Португалија. Тоа е најевтината дестинација за пиво – 330 мл. пиво чини само 0,97 фунти.

На седмото место е Прага, Чешка со трошоци во висина од 141,24 фунти. Вечерното мени во Прага е многу поевтино од која и да е друга дестинација.

На шесто место е Дубровник, Хрватска. Турнеја со туристички автобус во морското одморалиште чини само 6,06 фунти.

Петтиот град во рангирањето е Атина. Грчката престолнина е најевтина дестинација во еврозоната.

Естонската престолнина Талин е рангирана на четвртото место. Карта за користење на градски транспорт за 48 часа чини само 3,74 фунти, што е најевтина цена во споредба со сите градови кои учествувале во студијата.

Трето место на листата е за Рига, Латвија. Летонскиот главен град им обезбедува на туристите најевтини цени за ноќевање во хотел – две ноќи во три хотела ќе ви чинат само 36 фунти.

Второто место го зазема Будимпешта, Унгарија. Тука треба да се обратите ако сакате да пиете вино – 175 ml. чинат само 0,92 фунти.

Најповолна дестинација за туризам во Европа е Вилнус, Литванија.

Најскапи за џебот на туристите се Бостон, Њујорк, Стокхолм, Амстердам, Рим, Копенхаген, Лондон и Париз.

Слични содржини