Деспотовски: Обезбедуваме пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани, покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати

од Vladimir Zorba

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски денеска нагласи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на камен темелник за новата фабрика на „Магна Мехатроникс“.

– Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион со плати 20 проценти над државниот просек. Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните, изјави Деспотовски.

„Магна Интернационал“ е една од реномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот.

Слични содржини