Деветнаесетгодишник од Арачиново со „мерцедес“ удрил во постара жена

од Stefanija Kuzmanovska

На 09.11.2022 во 11.45 часот на ул. Благоја Стефковски во Скопје, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с. Арачиново, скопско удрило во С.М.(85) од Скопје, соопшти МВР.

По несреќата С.М. е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини